февруари 21, 2024

ВТОРА ПХВ РАБОТИЛНИЦА

Изминатиов викенд, на 18.02.2024 беше одржана и втората работилница од програмата ЦКА – ПХВ во просториите на Црвен крст Охрид со младинците .
На оваа работилница за запознаваье со малите проекти младинците имаа можност да се запознаат со :
Значењето на тимот и тимската работа.
Како да се лоцираат проблемите и целната група во општеството?
Како се изработуваат малите проекти?
Какви можат да бидат малите проекти?
-Работилницата беше одржана од дисеминаторот Методија Стојаноски, помошник дисеминаторот Арсениј Ѓоршески и мини менторите. Дополнително, младинците беа поздравени и се запознаа со ПХВ инструкторите Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц .
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад