
Водици 2026
На 6 лица „скокачи по крстот“ извршени основни здравствени прегледи, 95 дарувани единици крв на традиционалната крводарителска акција Водици 2026, 17 интервенции на спасителите на вода и нуркачките тимови во вода, 3 интервенции на медицинските тимови на Црвен крст Охрид и Здравствен дом Охрид на копно, е билансот од ангажманот на екипите-волонтерите кои се грижеа за безбедност на капачите и посетителите на настанот за одбележување на празникот Богојавление-Водици. Сите на кои им беше укажана помош се во добра здравствена состојба.
Благодарност до сите институции и волонтерите на Црвен крст Охрид ангажирани на овој настан, кои успешно ги реализираа своите задачи и придонесоа се да помине во најдобар ред, како и на хуманите луѓе кои даруваа крв на крводарителската акција.
Остануваме посветени на хуманоста, секогаш и секаде каде е потребно.









