мај 21, 2025

VIII-ми Државен Бреинобреин натпревар

11 трофеи, 21 златен и 8 сребрени медали освоија нашите охридските бреинобреин генијалци на VIII-от Државен Бреинобреин натпревар.

Самиот натпревар е составен од два дела, три минутно решавање на тест согласно категоријата којашто ја посетуваат учениците и вториот дел од натпреварот се демо презентациите.

Охридските мали генијалци редовно постигнуваат значајни резултати и се закитуваат со низа медали на натпреварите на кои учествуваат, а самата Бреинобреин програма им помага за развој на животни вештини при тоа здобивајќи се со вештини од типот на концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

#ЦрвенКрст

< врати се назад