јануари 27, 2022
Учество на БОБ-Црвен крст Охрид на 7-от Меѓународен Бреинобреин натпревар
Во конкуренција од преку 25 илјади учесници од 75 земји од целиот свет, 59 ученици кои ја следат интернационалната Бреинобреин програма во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид ќе учествуваат на 7-от Меѓународен Бреинобреин натпревар кој ќе се одржи на 29 јануари 2022 г. на онлајн платформа.
Како и на досегашните меѓународни Бреинобреин натпревари и сега очекуваме охридските бреинобреин генијалци да не израдуваат со значителен успех.
Напоменуваме дека во тек се уписите за прием на нови ученици кои ќе ја следат Бреинобреин прорамата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, а сите заинтересирани можат да добијат повеќе информации во просториите на Црвен крст Охрид или на тел. 078 227433, како и да присуствуваат на отворениот ИНФО ден закажан за 05.02.2022 од 14-16 ч., во просториите на Црвен крст Охрид.
Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид работи под франшизерство на Бреинобреин академијата од Ченаи, Индија од 2010 година. Во центарот се имплементира едукативна програма преку проверени и признати едукативни техники базирани на Неуро лингвистичко програмирање (НЛП) и Абакус ментална аритметика кои го поттикнуваат мозочниот потенцијал кај деца од 4-14 годишна возраст за стекнување, развивање и потврдување на способностите за концентрација, фотографска меморија, нумерички и вербални способности, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
Оваа светски призната и докажана програма ја спроведуваат високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени од страна на меѓународни инструктори.