мај 19, 2025

ТРЕТО МЕСТО НА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ

На Регионалниот натпревар по прва помош, кој се одржа во Скопје, на 17.05.2025 година, екипата на Црвен крст Охрид во конкуренција на 14 екипи го освои третото место.

Екипата по прва помош во состав: Марио Ѓорески ученик во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и Никола Гашоски, Филип Танаскоски, Михаил Николоски, Дарија Талевска, Ања Алческа ученици во ОСУ “Св. Климент Охридски.

Истотака, екипата го понесе и третото место на пунктот за дисеминација каде ги прикажа своите знаења за Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Следуваат подготовки за Државниот натпревар по прва помош кој ќе се одржи во септември 2025 година.

На екипата и честитаме за успехот, а воедно изразуваме голема благодарност до менторите вклучени во подготовката на екипата, волонтерите на Црвен крст Охрид (актери и шминкери на реални повреди) и до домаќинот на Регионалниот натпревар, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Центар.

< врати се назад