јули 11, 2023
Tренинг за Community engagement and accountability
Во период од 04.06.2023-08.06.2023, во организација на Меѓународната Федерација на Црвен крст се одржа тренинг за Community engagement and accountability (CEA) во Лозен, Бугарија. На овој тренинг учество зедоја четири претставници од Црвен крст на Република Северна Македонија, меѓу кои и претставник од Општинска организација Охрид, Даниела Вељановска, вработена во стручната служба.
Учество во тренингот зедоа и националните друштва на Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Горa,и Бугарија. Обуката беше поддржана и одржана од експерти за CEA од Меѓународна Федерација на Црвен крст. По завршување на тренингот, сите учесници се стекнаа со сертификат.