јули 30, 2018

Светски ден за борба против Хепатитис

И оваа година Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид и Здружението Опција Охрид со поддршка на Општина Охрид го одбележаа 28 јули Светскиот ден за борба против вирусен хепатит и се приклучија кон Глобалната кампања за застапување и подигање на јавната свест за зголемување на дијагностиката и третманот на вирусен хепатитис.

Беа одржани едукативни работилници со целните групи на Опција Охрид-корисници на дроги и Сексуални работници во канцеларија и на терен, , едукативни работилници со спасители на вода, кои на плажите на општата популација поделија околу 500 флаери и кондоми, едукативна работилница за вирусен хепатит во ЈУ Затвор Охрид, каде се поделија хигиенски пакети и едукативен материјал.

< врати се назад