декември 9, 2021

Светски ден на волонтерството

Во рамки на Светскиот ден на волонтерството, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид го одбележа со неколку активности:

  • На ден 05.12.2021г., Општинска организација Охрид го одбележа Светскиот ден на волонтерството преку online кампања на нашите  социјални мрежи Facebook и Instagram и Youtube канал, кадешто имаше премиера на две видеа изработени од волонтерите од Црвен крст Охрид и фотографии кои имаа за цел да ја промовираат организацијата и да ги мотивираат волонтерите.
  • На ден 08.12.2021 г. Клубот на млади при Општинска организација Охрид организираше скромна свеченост за доделување на благодарници на 60 волонтери, како и признанија за волонтер на годината на волонтерите кои заедно остварија над 1000 волонтерски часови. На свеченоста беше промовирано и ЦКА-ПХВ ЦД кое содржи 30 музички нумери составени и отпеани од волонтерите на Црвен крст на РСМ од целата држава, подготвени во рамки на ПХВ неделата во 2020 година. На овој присуствуваа и Претседателот Сашо Точков и секретарот Мимоза Ставрева. ООЦК Охрид неизмерно го цени трудот на своите волонтери и се надева дека ваквите настани ќе претставуваат дополнителен поттик волонтерите да продолжат активно да дејствуваат за доброто на заедницата.
< врати се назад