
Sunset and Chill
Со прекрасно зајдисонце, добра енергија и уште подобро друштво, го започнавме летото заедно преку овогодинашниот „Sunset and Chill“ и го означивме почетокот на одбележувањето на 30 години од постоењето на Клубот на млади при Црвен крст Охрид.
„Sunset and Chill“ е една од традиционалните активности кои ги реализира Клубот на млади при Црвен крст Охрид, наменета за создавање простор за неформално дружење, зајакнување на тимскиот дух и градење на пријателствата кои се темел на нашата волонтерска заедница
По втора година по ред, SUNSET AND CHILL беше реализиран во соработка и со поддршка од SU Hotel, на кои им изразуваме голема благодарност за континуираната поддршка и придонесот во создавањето на младински активности во Охрид.
Овогодинашниот „Sunset and Chill“ беше првата активност во рамки на одбележувањето на големиот јубилеј – 30 години од постоењето на Клубот на млади при Црвен крст Охрид.
Волонтерите и младите имаа можност да поминат незаборавна вечер исполнета со позитивна енергија, релаксација, нови запознавања и заеднички моменти надвор од секојдневните обврски.
Триесет години исполнети со волонтерство, хуманост, посветеност, нови идеи и безброј заеднички приказни. Со оваа активност го започнуваме периодот во кој ќе го славиме наследството на сите генерации волонтери кои низ годините беа дел од Клубот на млади.














