
март 4, 2025
СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ 2025
Во периодот од 28.02 до 02.03, нашите волонтери Давид Тризагароски и Ангел Крстески учествуваа на кампот во организација на Црвен крст Струмица по повод традиционалниот карневал.
На истиот, тие имаа можност да се запознаат со волонтери од други градови и да помогнат во тимот на прва помош и логистика на настанот.
Се заблагодаруваме на Црвен крст Струмица за овозможената прилика и гостопримството.




