март 11, 2026

Социјални услуги

Општинската организација на Црвен крст Охрид е долгогодишен давател на социјална помош во заедницата. Како организација, таа е длабоко вкоренета во локалната средина каде континуирано ги развива и прилагодува своите програми и активности според основните потребите на најранливите групи. Уште од своето основање активно учествува во системот на социјална заштита преку обезбедување услуги и секојдневна поддршка за лица од ранливи категории.

Од 2022 година, Црвен крст Охрид дополнително ја проширува својата мисија со воведување на социјални услуги. Најпрво започна со услугата „Помош и нега во домот“, а потоа и со услугата „Лична асистенција на лица со попреченост“. Овие активности ја потврдуваат посветеноста на Црвен крст Охрид во обезбедување континуирана поддршка за луѓето на кои им е потребна секојдневна помош, истовремено зајакнувајќи ја улогата на Црвениот крст како важен партнер во обезбедувањето независност, достоинство и подобар квалитет на живот за старите лица и лицата со попречености.

И оваа година, Црвен крст Охрид е потписник на управен договор со Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република С. Македонија, со што продолжува бесплатното обезбедување на овие услуги за граѓаните од општина Охрид , за оние кои ги исполнуваат условите.

Овие услуги опфаќаат сеопфатна помош и поддршка при активности што корисниците не можат самостојно да ги извршуваат поради видот и степенот на нивната попреченост, а кои се од суштинско значење за нивното секојдневно функционирање — како во сопствениот дом, така и надвор од него.

Заедно градиме похумана заедница.

< врати се назад