декември 12, 2025

Соработка помеѓу Црвен крст Охрид и РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид

Соработката помеѓу Црвен крст Охрид и РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид продолжува да создава убави приказни.

Во рамки на победничкиот Service Learning проект „Оброк + заедничка активност – Храна без отпад за сите“, учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид подготвија 60 оброци кои заедно со волонтери од Клубот на млади при Црвен крст Охрид, беа доставени до семејства од социјално ранливи категории.

Хуманоста продолжува – заедно создаваме подобра и посолидарна заедница!

< врати се назад