ноември 10, 2019

Со читање до хуманост

Под мотото “Со читање до хуманост” на ден (09.11.2019) година се одржа голем хуманитарен настан во игротеката “Вања”.

Настанот беше заедничка соработка помеѓу тимот на игротеката “Вања” и родителите и тимот волонтери од програмата на Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид- “Време е за книга – Story Hour”. Родителите на децата вклучени во оваа програма активно учествуваа во иницирањето, организирањето и имплементацијата на овој настан, на кој околу 70 дечиња се вклучија во помалите групи каде се читаа книги на македонски и англиски јазик. Заедно ја слушаа приказната за малата и гладна гасеница, пееја песни и ја проследија куклената приказна за другарството.

Собраните средства беа наменети за лекување на Јана Арсовска и веднаш беа предадени на семејството!

Програмата “Време е за книга – Story Hour” е креирана за деца на возраст од 4-7 години. Програмата има две цели: поттикнување на љубовта кон книгата кај децата и доближување на англискиот јазик до децата на ниво на директна комуникација. Оваа програма успешно се реализира веќе 10 години, по два циклуси годишно од по 15 недели. Програмата ја води тим од волонтери кој е задолжен за креирање и имплементација на содржинскиот дел кој вклучува едукација, креативност и забава.

< врати се назад