
ROCK AND MOB 2025
Во рамки на Неделата на млади на Црвениот крст (1–7 октомври), Клубот на млади при Црвен крст Охрид, одбележувајќи го својот 29-ти роденден, успешно го реализираше големиот, впечатлив и динамичен настан – ROCK AND MOB!
Плоштадот „Св. Климент Охридски“ на 4 октомври беше исполнет со моќни акорди, младешка енергија и топла атмосфера, во кои се споија музиката, хуманоста и заедништвото. Настанот претставуваше продолжение на спортско-рекреативната и хуманитарна акција „За посреќно детство“, обединувајќи млади и стари, локални жители и гости во едно незаборавно искуство.
Публиката уживаше во музиката на добро познатите охридски бендови Urban Planet, Камелеон, No Fun и The Backdoor Band, кои со својата автентична рок енергија создадоа атмосфера што долго ќе се памети.
ROCK AND MOB не беше само музички настан – беше гест на поддршка, љубов и хуманост, доказ дека младите можат и умеат да создаваат позитивни промени во заедницата. Преку музиката и дружбата, заедно испративме силна порака за единство и меѓусебна грижа.
Ви благодариме на сите што бевте дел од овој незаборавен момент! Вашата енергија, насмевки и поддршка го направија ROCK AND MOB вистински празник на младоста!
#ЦрвенКрст#ЦКмлади#МладиЗаОхрид
