
Регионалната летна крводарителска акција
Успешно реализирана Регионалната летна крводарителска акција во Охрид!
Вчера, во организација на Црвен крст Охрид, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, успешно се реализира Регионалната летна крводарителска акција, која обедини крводарители од Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Кичево, Демир Хисар и Ресен.
На акцијата беа собрани 97 крвни единици, а особено нè радува што 11 првократни крводарители одлучија да го направат својот прв хуман чекор и да станат дел од големото крводарителско семејство.
Искрена благодарност до сите крводарители, волонтери, Институтот за трансфузиона медицина, како и до сите општински организации, институции, организации, компании и медиуми кои дадоа свој придонес за успешната реализација на оваа акција.
Вашата хуманост значи надеж, живот и нова шанса за оние на кои крвта им е најпотребна.
Дарувај крв. Спаси живот!











