јули 8, 2026

РЕГИОНАЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

Летото е период кога резервите на крв се најмали, а потребата од крв останува секојдневна. Во овој период, резервите на крв во нашата земја се најниски, а потребата за неа е постојана и итна , бидејќи во секој миг некој ја чека и има потреба.

Црвениот крст на Република Северна Македонија организира регионална летна крводарителска акција, со цел да обезбеди доволни резерви на крв за сите оние на кои им е потребна.

Твојата одлука да даруваш крв може да спаси нечиј живот!

Во регионалната крводарителска акција ќе учествуваат крводарители од Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Кичево, Демир Хисар и Ресен, обединети со заедничка цел – да се обезбедат доволни резерви на крв за оние на кои им е најпотребна.

Крводарителите од Охрид се очекуваат во терминот од 08:00 до 10:00 часот.

Дарувањето крв е акт на храброст и човечност. Твојата помош е од суштинска важност за многу луѓе. Некој веќе чека на тебе.

Спаси живот!

Те чекаме на летната крводарителска акција!

< врати се назад