
РАЗЛИЧНИ КУЛТУРИ – ЕДНО СРЦЕ
На ден 17.5.2025 на плоштадот Крушевска Република се одржа крајниот настан од овогодинашниот ЦКА–ПХВ интеркултурен проект насловен – РАЗЛИЧНИ КУЛТУРИ – ЕДНО СРЦЕ – .
Настанот беше со цел да се поттикне меѓусебното разбирање, почитување и соработка меѓу различните културни заедници во нашето општество преку промовирање на културната разноличност и заедничките вредности. Целта беше успешно постигната преку прекрасниот настап на бендот HUMANE – ХУМАН од Црвен крст Охрид, чии музички изведби ја пренесоа пораката на единство и хуманост. \
Дополнително, преку прекрасно рецитираните поезии на македонски, турски и албански јазик се создаде атмосфера на заемно почитување и зближување. Настанот претставуваше вистински простор за меѓусебно запознавање, дијалог и пријателство.






