јуни 22, 2025

РАСТЕМЕ СО ПРИРОДАТА

ЦКА – ПХВ проект чија цел беше разубавување на дворовите во градинките ЈОУДГ “Јасна Ристеска” – Охрид и истовремено едуцирање на децата кои се образуваат во истите преку интерактивни едукации и работилници.

Групата младинци за успешно да си ја достигне целта за време на циклусот организираше интересна акција за да ги соберат потребните финансиски средства:

„СЛАТКА МИСИЈА“ – хуманитарна продажна акција за продавање колачиња во соработка со РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид

Во рамки на својот проект, групата опфати 350 дечиња од поминати вкупно 6 градинки. Исто така, реализира број креативни и едуакитвни работилници со дечињата на теми:

Хигиенизација – во рамки на Неделата на Хигиенизација од 8 до 15 Април

Важноста на правилна лична хигиена

Работилници за рециклирање

Садење саднци и цвеќиња

Крајна активност: садење цвеќиња во формата на симболот на Црвен крст

Групата ГЛУВАРЧИЊА се состои од:

Андреа Билбилоска – лидер

Ирина Шоргиќ

Ада Мустафа

Стефани Ристоска

Михаела Јованоска

#ЦрвенКрст#ЦКмлади#phv2025

< врати се назад