мај 24, 2025

РАБОТИЛНИЦА ЗА ЗНАКОВЕН ЈАЗИК

Вчера, во просториите на Црвен крст Охрид една од овогодинашните ЦКА-ПХВ групи кои работат на социјален проект организираа – РАБОТИЛНИЦА ЗА ЗНАКОВЕН ЈАЗИК – во соработка со Здружение на глуви и наглуви лица од Охрид.

Работилница беше со цел присутните да ги стекнат основите вештини за комуникација преку знаковен јазик како и да се покрене почитта и разбирањето кон глувите и наглувите лица во заедницата.

Изразуваме благодарност до Здружението на глуви и наглуви лица – Охрид за одличната соработка во текот на овогодинашниот ЦКА-ПХВ циклус.

#ЦрвенКрст#ЦКмлади#phv2025

< врати се назад