
мај 22, 2025
РАБОТИЛНИЦА ЗА ЗНАКОВЕН ЈАЗИК
Група 5 ЦКА-ПХВ младинци кои работат на социјален проект заедно со Здружение за Глуви и Наглуви лица – Охрид, утре, со почеток во 13:00ч организираат РАБОТИЛНИЦА ЗА ЗНАКОВЕН ЈАЗИК.
Присутните на предавањето ќе имаат можност да ги стекнат основните вештини за комуникација преку знаковен јазик, да се подигне свеста за важноста на инклузивната комуникација и да се поттикне почит и разбирање кон глувите и наглувите лица во заедницата.
