февруари 29, 2024

РАБОТИЛНИЦА ЗА ЗНАКОВЕН ЈАЗИК 

На последниот редовен состанок на Клубот на млади одржан на 28.2.2024 на 19 млади им беа презентирани основите на македонскиот знаковен јазик.
На оваа работилница одржана од страна на волонтерите Арсениј Ѓоршески и Ангел Крстески младите се запознаа со азбуката и најкористените зборови од знаковниот јазик, како и да ја сфатат неговата важност во секојдневието.
Дополнително, на почетокот на состанокот лидерот на Клуб на млади Борче Исакоски и волонтерот Иво Георгиески им ги пренесоа на присутните искуствата од последниот состанок со националното координативно тело и ПОКОО проценката со цел нивно тековно информирање.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад