март 8, 2023

РАБОТИЛНИЦА ЗА ОСМИ МАРТ

По повод интернационалниот ден на жената во Клубот на млади секоја година традиционално се подготвуваат честитки за случајни минувачи и вработените во институциите кои го празнуваат овој празник.
И оваа година за таа цел волонтерите на Црвен крст Охрид со дел од групите на деца кои ја посетуваат програмата Бреинобреин во рамките на општинската организација организираа креативна работилница.
 
Честитките беа изработени во една пријатна и работна атмосфера во која децата и волонтерите се запознаа, се дружеа и се забавуваа.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад