
ПРВА ЦКА-ПХВ 2025 РАБОТИЛНИЦА
На 15.02.2025 во просториите на Црвен крст Охрид беше одржана првата работилница од овогодишниот ЦКА-ПХВ циклус.
На оваа работилница, овогодишните младинци на ЦКА-ПХВ циклусот имаа можност да се запознаат со нивните дисеминатори и мини-ментори кои ќе работат заедно со нив во текот на реализирање на своите проекти.
Исто така, младинците имаа прилика меѓусебно да се запознаат како и да научат:
Која е целта на ЦКА-ПХВ програмата?
Кога, каде и како е основан Црвниот крст?
Кои се принципите на Црвениот крст?
Како правилно се користат амблемите?
Што се тоа Женевски конвенции?
Се запознаа со термините: Меѓународен комитет, Меѓународна федерација, Национално друштво.
На овогодишните младинци, им посакуваме многу успех и среќа во изработката на своите проекти.




