јули 31, 2021

Прва помош настани

Прва помош тимот на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид, составен од доктори, парамедици, лица обучени за укажување прва помош изминатиов период обезбедуваше бројни настани. Нашиот тим активно се грижеше за здравјето и безбедноста на сите посетители, давајќи неопходна прва помош на лицата кои имаат потреба од истата. Колапси, алкохолизирани лица, лица со посекотини, стомачни тегоби, беа само дел од состојбите на кои се укажуваше помош. Изминатава недела наши екипи обезбедуваа неколку настани во рамките на “Охридско лето”, екипи на традиционалниот Илинденски пливачки маратон, концерт во Егоист, Аларм фест, пливачкиот подвиг на Александар Илиевски-препливувајќи го Охридското езеро, наши екипи се присутни на сите спортско-забавни атракции на бродот Армада.

Продолжуваме со редовната патрола на најпосетените плажи и со настани на кои сме повикани. Здравјето и безбедноста на сите посетители остануваат наш приоритет!

< врати се назад