март 4, 2026

Продолжуваме со едукативните активности во Затвор Охрид

Црвен крст Охрид заедно со волонтерката на Мировен корпус, Danielle Hamilton, продолжуваат со реализација на предавања по англиски јазик како дел од вториот циклус на работилници наменети за младите осудени лица во Затвор Охрид.

Преку изучување на англискиот јазик, учесниците стекнуваат нови знаења и практични вештини кои ќе им помогнат полесно да се интегрираат во заедницата по завршувањето на казната и да ги зголемат своите можности за личен и професионален развој.

Едукацијата е чекор кон нов почеток.

< врати се назад