Презентацијаи и бесплатни консултации со тимот на Систина Офталмологија
Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охридво соработка со болницата Систина Офталмологија на 15.02.2020 годинаорганизираше здравствено едукативен настан кој се состоеше во презентација и бесплатни консултации со тимот на Систина Офталмологија, на тема катаракта и корекција на диоптрија. На настанот кој во организација на Општинска организација Охрид, а под модераторство на Огнен Јанески, се одржа во просториите на Здружението на пензионери во Охрид и во Општинска организација Охрид, доктор Викторија Филева даваше конкретни, јасни и корисни совети и одговори на бројните прашања од присутните за начините и можностите за третман на катаракта и ласерска корекција на диоптрија, но и за глаукомот и други очни заболувања.