
ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОРИСТЕЊЕ НА ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА
Во рамки на своите здравствено-превентивни активности Црвен крст Охрид ја продолжува соработката со СВР Охрид-Одделението за превенција со акцент на превенцијата на ризиците предизвикани од употребата на пиротехнички средства
.
Со таа цел, денеска на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ во Охрид тим за прва помош од Црвен крст Охрид, составен од парамедици и обучени волонтери за прва помош изведоа симулациска вежба за ризиците од користење на пиротехнички средства.
Во меѓувреме, на случајни минувачи беа поделени едукативни материјали за опасностите од користење петарди и други пиротехнички средства со нагласување дека употребата на пиротехнички средства се казнува од страна на припадници на СВР Охрид-Одделение за превенција и волонтери на Црвен крст Охрид.
„ПЕТАРДИТЕ НЕ СЕ ИГРАЧКА!“ – е пораката која организаторите на овој настан ја упатуваат до децата, но и до родителите, со апел за грижа за безбедни Новогодишни и Божиќни празници.
Вакви и слични активности веќе се реализираа и ќе бидат реализирани и во дел од основните училишта во Охрид.
#црвенкрстохрид#ЦрвенКрст#безбедност#сврохрид#незапетарди#безбеднипразници











