март 9, 2020
Посета на стари лица за 8ми март
По повод денот на жената волонтерите од Програмата за грижа за стари лица “Најди време” при Општинска организација Црвен крст Охрид ги посетија жените – корисници на програмата и им подарија пригодни подароци и рачно изработена честитка од волонтерите на Клубот на млади и многу внимание и љубов!