
Показна вежба за евакуација при елементарна непогода
Во организација на Црвен крст Охрид, денеска во ООУ „Кочо Рацин“ во Охрид успешно се реализираше показна вежба за евакуација при случена елементарна непогода.
Високо ниво на професионалност, координираност и ефикасност покажаа тимовите на Територијална противпожарна единица Охрид, Сектор за внатрешни работи Охрид, како и тимовите за прва помош, реалистички приказ на повреди и психолошка прва помош на Црвен крст Охрид. Активностите се реализираа во координација со Центар за управување со кризи – Одделение Охрид и Дирекција за заштита и спасување – Одделение Охрид.
Симулациската вежба се одвиваше според соодветно сценарио на земјотрес и пожар, со реално време на пристигнување и интервенција на надлежните институции. Учениците, наставниците и техничкиот персонал покажаа голема присебност, одговорност и подготвеност при евакуацијата од училишната зграда.
ООУ „Кочо Рацин“ го тестираше и применуваше оперативниот План за заштита и спасување и Планот за евакуација, согласно законската обврска за редовна реализација на вакви симулациски вежби. Целта беше сите присутни да се запознаат со насоките на движење, начините на заштита и правилното постапување при елементарна непогода.
Ваквите активности значително придонесуваат за подигнување на севкупната безбедност во и околу училиштата, како и за јакнење на подготвеноста за ефикасна и брза реакција во кризна состојба.
Изразуваме голема благодарност до сите институции и учесници кои дадоа придонес во успешната реализација на оваа вежба.
Безбедноста е заедничка одговорност!







