октомври 6, 2025
Показна вежба ЛТХ Леарница
Увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација, во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК, и Црвен крст Охрид продолжува да се реализира и во компаниите во Охрид.
Во таа насока, а со цел да се подигне нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи денес, понеделник, 06.10.2025 г. во компанијата ЛТХ Леарница во индустриската зона Охрид ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување на вработените во компанијата, според соодветно сценарио за случена елементарна непогода. Вежбата е предвидено да започне во 13:45 ч. и ќе трае до 14 ч.