август 29, 2018
Пливање 25 км во Охридското езеро на малиот јунак Марко Пејчиноски
Со целосна поддршка на семејството, лекарска екипа и тимот на Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид на 28.08.2018 година дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа во еден здив успеа да го преплива Охридското езеро. Тој започна во 9 часот и 30 минути од Св. Наум и излезе како победник во борбата со брановите, силниот северен ветар, немирното езеро и заморот и на градско пристаниште пристигна околу 18 часот и 15 минути и беше пречекан како вистински херој.Подвигот на Пејчиновски уште повеќе добива на тежина бидејќи момчето има доживеано инфаркт на долните екстремитети.