февруари 20, 2023
ПАРТНЕРСКА АКТИВНОСТ
На последниот национален камп за лидери и заменици кој се одржа изминатото лето во автокампот “АС” во Струга учесниците беа запознаени со иницијативата за формирање на партнер – клубови.
Партнер – клубовите се два или три Клубови на млади кои склучуваат соработка со цел организирање на заеднички активности за нивните волонтери.
Минатиот викенд 16 волонтери од Клубот на млади од Црвен крст Охрид учествуваа на нивната прва партнерска активност со волонтерите од Клубовите на млади од Црвен крст Битола и Кичево.
На истата тие имаа можност преку најразлични активности да се запознаат повеќе меѓусебе и да поработат ма своите тимски вештини во просториите на Црвен крст Битола.
Се заблагодаруваме за гостопримството и се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму со уште поуспешни активности.