
Пајакот 𝘗𝘢𝘭𝘭𝘪𝘥𝘶𝘱𝘩𝘢𝘯𝘵𝘦𝘴 𝘵𝘳𝘯𝘰𝘷𝘦𝘯𝘴𝘪𝘴
Во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми од влијанијата на климатските промени и воспоставување одржлив систем за одговор на катастрофи во Националниот парк Галичица“ во тек се научни истражувања на пештерските екосистеми во Националниот парк Галичица. Денес ви презентираме неколку факти за пајакот 𝘗𝘢𝘭𝘭𝘪𝘥𝘶𝘱𝘩𝘢𝘯𝘵𝘦𝘴 𝘵𝘳𝘯𝘰𝘷𝘦𝘯𝘴𝘪𝘴.
Овој балкански ендем е еден од најраспространетите троглофилни видови од овој род во Македонија. Поради многу малите димензии на телото од околу 2 mm многу тешко се забележува на влезните делови од пештерите, каде гради мали, хоризонтални мрежи меѓу пукнатините. Освен во пештерите, доста често е и надвор од нив и може да се сретне во најразлични живеалишта, од ливади до различни типови шуми.
Погледнете неколку фотографии од пајак 𝘗𝘢𝘭𝘭𝘪𝘥𝘶𝘱𝘩𝘢𝘯𝘵𝘦𝘴 𝘵𝘳𝘯𝘰𝘷𝘦𝘯𝘴𝘪𝘴 направени со професионален микроскоп набавен во рамките на проектот.
Проектот „Заштита на пештерските екосистеми од влијанијата на климатските промени и воспоставување одржлив систем за одговор на катастрофи во Националниот парк Галичица“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, а го спроведуваат Црвен крст Охрид и Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, во соработка со Јавната установа Национален парк Галичица.






