
ОТВОРЕН ДЕН ЗА ПРОГРАМАТА БРЕИНОБРЕИН – УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК
Во тек се есенските уписи во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН – Црвен крст Охрид на деца од 4 до 14-годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
Ги покануваме родителите со своите деца да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои ќе помогнат децата да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно.
Овозможете му на Вашето дете да биде дел од најдобрата детска академија во светот!
Бреинобреин е единствена меѓународно признаена академија за ментална аритметика, со меѓународни признанија
– „Best Kids Education Brand Award“
– 18 години искуствo
– во повеќе од 45 држави
– над 4 милиони деца
– интернационални натпревари
– 2 Гинис рекорди
– единствено во Бреинобреин е застапен НЛП метод за деца и мултитаскинг техники
– билингвилна програма – англиски и македонски јазик.
Детали за уписите и пријавување на телефоните 046 261 909 или 078 227 433, на е-маилот ohrid@redcross.org.mk или во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 8 до 16 часот, а детални информации за оваа програма заинтересираните ќе можат да добијат на отворениот ден за Бреинобреин програмата кој ќе се реализира утре, 11.09.2026 г. (петок) од 17:00 до 19:00 часот, во просториите на Црвен крст Охрид.




