јуни 4, 2025

Ohrid Ultra – Trail 2025

На 23 и 24 мај 2025 година, екипите за прва помош од Црвен крст Охрид беа ангажирани за обезбедување на спортскиот настан Ohrid Ultra-Trail, кој се одржа во Националниот парк Галичица и околината на Охридското Езеро. Настанот и оваа година привлече голем број учесници и љубители на планинското трчање од целата земја и поширокиот регион.

Црвен крст Охрид беше присутен со мобилна екипа и амбулантско возило, како и со четири медицински тима составени од лекари, парамедици и масери. Дополнително, два тима на спасители од Планинската спасителна служба при Општинската организација Охрид беа распоредени долж целата патека на планината и во градот.

Вкупно беа евидентирани над 40 успешни интервенции за пружање прва помош и спасување, што ја потврдува високата подготвеност и професионалност на тимовите во справувањето со предизвиците на вакви екстремни спортски настани.

За време на трката, медицинските тимови интервенираа кај повеќе натпреварувачи, најчесто поради истегнувања, гребаници, симптоми на дехидратација и физички замор.

Тимовите на волонтерите ги дочекуваа на целта натпреварувачите упатувајќи ги на пунктот за освежување и пунктот на Црвен крст Охрид за масажа.

Ohrid Ultra – Trail 2025

< врати се назад