Ohrid Ultra trail 2020
Во периодот од 18-20.09.2020 во Охрид се одржа најдолгата маратонска планинска трка во рамки на второто издание на манифестацијата “Ohrid Ultra Trail”. Покрај трките “Летница” на 18км и “Галичица Ултра” на 66км, најподготвените тркачи ја тестираа својата физичка и ментална подготвеност и на трката “Охрид Ултра трејл” во должина од 107 км.
Волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид водеа грижа за безбедноста и здравјето на натпреварувачите. Ден пред трката, волонтерите беа задолжени за спроведување на протоколот за заштита од ковид-19 и притоа вршеа дезинфекција и термален скрининг на сите натпреварувачи. Дел од волонтерите се погрижија за безбедноста и редот на патеката по која што трчаа натпреварувачите, а 16 члена екипа распоредена во 5 тимови беше задолжена за безбедноста на натпреварувачите и санирање на повредите на овој настан.