Охрид трчат 2020
Волонтерите од Клуб на млади при Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид во текот на летниот период беа дел од речиси сите јавни културни и спортски настани во Охрид. Во текот на изминатиот викенд по четврти пат се одржуваше Атлетската манифестација Охрид трчаТ, а волонтерите на Општинска организација Охрид Општинска организација Охрид водеа грижа за безбедноста и здравјето на натпреварувачите. Пред почетокот на трката, волонтери те беа задолжени за спроведување на протоколот за заштита од ковид-19 и притоа вршеа дезинфекција и термален скрининг на сите натпреварувачи, а се внимаваше сите инволвирани во организирање на трката да носат соодветна заштита – маска како и да се одржува безбедна дистанца. Дел од волонтерите се погрижија за безбедноста и редот на патеката по која што трчаа натпреварувачите на двете трки (5км и 21км), а за овој настан беа ангажирани и 8 обучени тимови за прва помош од Општинска организација Охрид ( доктори и парамедици) кои беа спремни да укажат помош во случај на повреда.