мај 23, 2025

Обука „Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“

Во периодот од 12 до 14 мај 2025 година, во хотел „Сириус“ во Струмица се одржа обука на тема „Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“. Обуката имаше за цел да поттикне меѓусекторска соработка и подигнување на јавната свест за еколошките предизвици преку концептот на зелено застапување.

На обуката се обработуваа четири клучни теми:

• Животна средина и тековни еколошки предизвици

• Основни поими во социјалната заштита

• Зелена социјална работа како иновативен пристап

• Улогата на младинската работа во еколошкиот активизам

Од нашата организација учество земаа Даниела Вељановска и Ранко Раткушиноски. Тие активно придонесоа во дискусиите и работилниците, споделувајќи искуства и иницијативи за одржлива иднина.

Обуката заврши со изработка на предлог-иницијативи за активности и застапување на политики за заштита на животната средина, со акцент на вклучување на младите и ранливите категории на граѓани.

May be an image of 5 people, people smiling, hospital and text
< врати се назад