октомври 20, 2025

ОБУКА ЗА ВРСНИЧКИ ЕДУКАТОРИ — ДЕН 2

Успешно завршен и вториот ден од обуката за врснички едукатори!

Клубот на млади при Црвен крст Охрид, во периодот од 18 до 19 и 23 октомври, ја реализира обуката за новата генерација на врснички едукатори во просториите на организацијата.

Вчерашниот ден беше исполнет со креативна енергија, активна соработка и позитивна атмосфера! Учесниците работеа на теми кои се клучни за нивниот понатамошен ангажман како едукатори:

  • Зајакнување на тимските вештини и градење доверба во група;
  • Справување со предизвиците при јавно говорење и развивање на самодоверба;
  • Две практични вежби преку кои учесниците имаа можност да ја применат теоријата на дело и да ја покажат својата креативност.

Со многу ентузијазам, смеење и тимска поддршка, младите покажаа дека секој предизвик може да се совлада со добра комуникација, доверба и заедничка мотивација. Атмосферата беше полна со енергија, идеи и дух на заедништво!

Обуката ја водеше Борче Исакоски, долгогодишен волонтер и обучувач на врснички едукатори при Црвен крст Охрид.

Целта на оваа обука е да се создадат млади лидери кои преку знаење, личен пример и поддршка ќе влијаат позитивно во својата заедница.

#ЦрвенКрст#ЦКмлади

< врати се назад