јуни 17, 2025

ОБУКА ЗА СПАСИТЕЛИ НА ОТВОРЕНИ ВОДИ

Остануваат уште три дена за пријавување на кандидати за обука за спасители на отворени води која ќе се реализира од 21 до 28 јуни 2025 г. Обуката која е во организација на Црвен крст Охрид-Центар за безбедност на вода ќе се изведува на Охридското езеро и содржи теоретски и практичен дел, а ќе ја водат национални и меѓународни инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ИЛСФ).

Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:

да се постари од 17 години (да достават соодветен доказ-лична карта, извод на родени)

да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт да достават потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар / здравствена установа.

Повикот трае до 19 јуни 2025, а кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов 52, Охрид, секој работен ден од 9-15 ч., на телефоните 046261909 и 070315309 или со пополнување на електронската пријава на линкот

https://docs.google.com/…/1FAIpQLSds7dg44K1xj6…/viewform

За сите кандидати кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со звање спасител на вода Црвен крст Охрид ќе обезбеди платен работен ангажман како спасител на вода на соодветни капалишта на Охридското езеро.

Не се двоумете, пријавете се на обука за спасител на вода!

< врати се назад