
мај 24, 2025
ОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ
Со цел исполнување на една од главните обврски на Црвениот крст – Прва помош и едукација, Црвен крст Охрид на 26.5.2025 (понеделник) со почеток од 19:30 ч., во своите простории организира бесплатна ОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ наменета за волонтерите на Клубот на млади.
Целта на оваа обука е да се оспособат учесниците со практични знаења и вештини за правилно и навремено укажување прва помош при повреди и ненадејни здравствени состојби.
