
Обука за негувател за помош и нега на стари лица
Обуката за негувател е наменета за сите кои сакаат професионално да се оспособат за грижа на стари лица, лица со инвалидитет, неподвижни лица, како и за сите на кои им е потребна секојдневна помош за задоволување на основните животни потреби.
Работата на негувател е едно од најхуманите занимања. Таа бара љубов, внимание, грижа, разбирање, трпение и подготвеност да се помогне секогаш кога е потребно.
Со оваа професија, покрај стручни вештини, се стекнуваат и непроценливи животни искуства. Најважно е да се биде поддршка и сигурност за лицето на кое му е потребна помош.
Црвен крст Охрид ви нуди одлична можност да стекнете современо и професионално знаење, согласно најновите стандарди и трендови во областа на грижата.
По завршување на обуката:
-стекнувате целосна самостојност и експертиза;
-добивате меѓународно признат сертификат;
-се отвора можност за одлично платен ангажман.
Направете чекор кон хумана и ценета професија.
Негувател – да се биде тука кога е најпотребно!
За повеќе информации – контактирајте нè!





