
НЕГА ЦЕНТАР
Со гордост заокружуваме уште една успешна година (2025) во реализација на социјалните услуги Помош и нега во домот и Лична асистенција на лица со попреченост, имплементирани преку Нега центарот при Црвен крст Охрид.
Во текот на изминатата година:
Со услугата Помош и нега во домот беа опфатени 10 корисници;
Со услугата Лична асистенција на лица со попречености беа опфатени 21 корисник;
Беа ангажирани вкупно 20 негуватели и лични асистенти;
Реализирани се 19.592 часови директна услуга за нашите корисници;
Дополнително остварени се 276 наменски транспорти на стари лица и лица со намален функционален капацитет за добивање соодветен медицински третман.
Добиените резулати на евалуационите прашалници и инспекциските надзори само ја потврдија усогласеноста и ефективната имплементација на социјалните услуги.
Оваа успешна приказна немаше да биде возможна без финансиската поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади на РСМ, како и без одличната соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Охрид.
Црвен крст Охрид и оваа година е апликант за продолжување на услугите и со нетрпение го очекуваме одговорот, со надеж дека ќе продолжиме да градиме среќа, достоинство и поддршка за нашите сограѓани од овие ранливи групи.
Министерство за труд и социјална политика





