
мај 15, 2025
Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина
Од 8 до 15 мај се одбележува Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина. По тој повод, Црвен крст Охрид организираше повеќе активности што имаа за цел подигање на свеста за значењето на основните принципи, мисијата и визијата на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
На 12 мај, во посета на Црвен крст Охрид беа дечиња од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, објект Централна. За време на посетата, тие ја слушнаа приказната за формирањето на Црвениот крст и Црвената полумесечина и за целите на Движењето, а и научија што значи да се биде волонтер на Црвенот крст. Оваа дисеминациска сесија ја одржа Јованка Сион Доленц, долгогодишен волонтер на Црвен крст Охрид.




