февруари 24, 2026

Недела на срцевосадови заболувања

Во рамки на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцевосадови заболувања (21-28 февруари), Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид, под мотото „ЗДРАВ ЖИВОТ, ЗДРАВО СРЦЕ“ организираше низа активности насочени кон превенција и заштита од срцево-садовите заболувања.

На 23.02.2026 година во соработка со ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид во просториите на Општинска организација Охрид се реализираше едукативно предавање за ризик факторите, превенција, третман и лекување на болестите на срцето и крвните садови, кое д-р Наташа Скрческа, специјалист кардиолог, го одржа на корисниците и волонтери од Програмата – Грижа за стари лица -“Најди време”.

Активноста беше посветена на зголемување на свеста за здравјето на срцето, промовирање на здрави животни навики и поддршка на лицата со ризик од кардиоваскуларни заболувања.

< врати се назад