април 21, 2018

Недела на хигиенизација

По повод одбележување на Неделата на хигиенизација, Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид одржа неколку едукативни предавања  од страна на д-р Јованка Стурлакова Коровешоска за тоа како правилно да се одржува личната хигиена. Првото предавање се спроведе на  18 април на редовниот состанок на Клуб на млади на кое присуствуваа 55 волонтери од Општинска организација Охрид , а следните три предавања се одржаа на 20 април во три oбјекти на Детската градинка „Јасна Ристеска“ со кои беа опфатени 150 деца.

< врати се назад