февруари 24, 2024
Недела на борба против срцевосадови заболувања
Црвен крст Охрид по насоките на националното друштво во периодот од 21-28 февруари 2024 г. ќе ја одбележи Неделата на борба против срцевосадови заболувања со мотото: “Здрави животни навики во борба против срцевосадови заболувања”.
Болестите на срцето и крвните садови се водечка причина за смрт во нашата држава. Според СЗО, 17,5 милиони луѓе умираат од срцевосадови заболувања секоја година, од кои 7,3 милиони од коронарна срцева болест, а 6,2 милиони од инфаркт. Според податоците на Институтот за јавно здравје повеќе од 57% од сите смртни случаи во нашата земја се последица на оваа група на болести.
По повод одбележување на Неделата на борба против срцевосадови заболувања, општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје ќе организираат едукативни предавања и трибини, мерење на крвен притисок како и споделување на објави на социјалните мрежи со цел подигање на јавната свест за важноста од превенција и навремно дијагностицирање на овие болести.