март 9, 2020
Недела на борба против рак
Во рамки на одбележување на Неделата за борба против рак која оваа година се одбележува под мотото “НЕ СИ САМ-Подигни ја свесноста за ракот”, во просториите на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид на ден 09.03.2020г., во соработка со стоматолошка ординација ЕТАДЕНТ, др.Кристина С.Алоска одржа предавање на корисниците и волонтери од Програмата – Грижа за стари лица -“Најди време” .Целта на предавањето беше присутните да се запознаат со најголемите ризик фактори и како од истите треба да се заштитиме со посебен акцент на оралниот карцином.