
МЛАДИНСКИ ПОДКАСТ СЕЗОНА 3 ЕПИЗОДА 1
И повторно се враќаме со нашиот серијал – МЛАДИНСКИ ПОДКАСТ! Овој пат со сезона 3 – исто студио, иста опрема, иста екипа со нова сила и идеи!
Серијалот МЛАДИНСКИ ПОДКАСТ преставува место каде младите волонтери на Црвениот крст ќе можат отворено да зборуваат за најактуелните теми во денешницата кој ги залага младите младите, како и за нивните волонтерски искусва во Црвениот крст.
Во првата епизода на сезона 3 од Младинскиот подкаст за гостин ја имаме Весна Терзиоска – сегашниот пот-претседател на Црвен крст Охрид која е спремна да ни ја раскаже нејзината приказна за тоа како дошла од волонтер до национален ЦКА-ПХВ инструктор, како дошла идејата за креирање на „Вдиши театар“ и што се таа научила низ нејзиното големо искуство како волонтер на Црвениот крст!
-Првата епизода од третата сезона на Младинскиот подкаст може да ја гледате тука!
-Уживајте!
-Водител: Арсениј Ѓоршески
-Камера и монтажа: Иво Георгиески





