март 8, 2022

Меѓународниот ден на жената

Денес Црвен крст Охрид свечено го одбележа Меѓународниот ден на жената, 8ми март.
 
Беа поделени пригодни подароци, меѓу кои и рачно изработени честитки од страна на волонтерите од Клубот на млади, кои исто така имаа активно учество во настанот и го разубавија овој чин со читање на прекрасни поеми посветена на жената. 📖
 
🎁Подароците беа поделени на волонтерите од Клубот на стари лица “Најди време” при Црвен крст Охрид, жените-пензионерки во Домот на пензионери Охрид, на медицинскиот персонал во Брза помош и Здравствен дом Охрид, неколку други институции, на негувателите и жените корисници од Нега центарот Охрид, но и на повеќето жени кои беа затекнати како минувачи.
 
Насмевката која ја измамивме на нивните лица нека биде дел од нивното секојдневие, нека бидат неизмерно среќни, задоволни и сакани.
 
Честит ден на сите жени! Среќен 8ми Март!
🌷🌹🥀🌺🌸
< врати се назад